ВИДЕО: Портланд сè поблиску до плеј-офот, Лилард експлодира со 51 поен

Лилард

Поразот на Мемфис отвори шанса за Портланд уште повеќе да се доближи до последното место на Западот кое води во плеј-офот. Тоа го искористи со победата над Филаделфија (124-121) во која одново блесна Дејмиан Лилард со 51 поен.

Првата ѕвезда на тимот имаше фантастична шутерска вечер и беше најзаслужен за тесниот триумф. Се играше неизвесно до крај, па одлучи последниот период, кој Треил Блејзерси го добија и стигнаа до нова победа во Орландо.

Изненадувачки настап изминатата вечер запиша Остин Риверс кој постигна 41 поен во славјето на Хјустон против Сакраменто (112-129). Синот на тренерот Док Риверс го одигра мечот на кариерата и во сенка го остави учинокот на Џејмс Харден (32).

Неочекуван резултат донесе дуелот меѓу Лос Анџелес Клиперс и Бруклин кој заврши во полза на аутсајдерот (120-129). Патрик Беверли и Пол Џорџ добија одмор, па целиот товар остана врз Каваи Ленард. Најдобриот кошаркар на „клиповите“ го направи своето и постигна 39 поени, но тие не беа доволни за тимот од Калифорнија да го комплетира пресвртот.

Последниот натпревар донесе продолжение во кое Бостон успеа минимално да го добие Орландо (122-119). Хејворд со 31 и Татум со 29 поени беа најефикасни кај Селтикси, а Вучевиќ со 26 поени се истакна кај поразениот тим.