Поразот од Ефес пресуди, Дубаи му врачи отказ на Јуре Големац

Кошаркарскиот клуб Дубаи го отпушти тренерот Јурица Големац, а на неговото место ќе биде назначен нов стратег кој ќе ја финишира сезоната. 

Одлуката доаѓа после поразот од Анадолу Ефес во Евролигата, по кој екипата ги загуби шансите за пласман во плеј-ин фазата. Големац имаше договор до 2028 година, но доби предвремен раскин на договорот. 

Дубаи во моментов е на 11. позиција во Евролигата и ќе мора да ја победи Валенсија во последното коло, но и да се надева на пораз на Барселона од Баерн Минхен.