Поранешниот европски првак Кеј Си Риверс нов кошаркар на Црвена Звезда

Кошаркарскиот клуб на Црвена Звезда во пресрет на клучните натпревари од сезоната се реши да ги засили своите редови и да доведе поранешен европски шампион. 

Од денес и официјално нов член на вицешампионот на АБА е американскиот кошаркар Кеј Си Риверс, кој со „зелено-белите“ потпишаа шест месечен договор. 31-годишниот бек зад себе има дебело искуство на терените ширум Стариот континент, а во 2015 година беше дел од шампионскиот тим на Реал Мадрид, кој триумфираше во Евролигата. 

„Во минатото имав можност да играм во Белград и знам што значи кошарката за овие фанови. Црвена Звезда е голем клуб, кој на негова традицијата и секогаш мисли на иднината“, рече Американецот. 

Низ својата кариера, Кеј Си Риверс има настапувано уште за Баерн, Панатинаикос, Виртус Болоња, Локомотив Кубан, Химки, а последен клуб му беше Реџо Емилија