Поранешниот центар на МЗТ Скопје, Куманово и Кожув испиша историја во Лигата на шампионите

Откако беше прогласен за најдобар кошаркар во 15. коло на АБА лигата, за Урош Луковиќ пристигна ново големо признание, овој пат од европска сцена. 

Центарот на Морнар на натпреварот во рамки од 13. коло од групата Ц, на кој неговата екипа извојува победа над Бамберг, забележа скор со кој влезе во историјата на Лигата на шампионите. 

Луковиќ против поранешниот член во Евролигата имаше најдобар индекс на натпреварот (23), откако за 19 минути игра запиша 12 поени, десет скока и дури пет блокади. Со овој скор стана вториот играч во историјата на ова натпреварување кој запишал „дабл-дабл“ и најмалку пет блокади на еден меч.

30-годишниот српски интернационалец е добро познат во македонската кошаркарска јавност, затоа што од 2013 до 2016 настапуваше за Куманово, Кожув и МЗТ Скопје.