• Саше Љолес
Познато е дека Никола Јокиќ не штеди енергија и средства за неговиот новоформиран кошаркарски клуб, КК Џокер. Тимот од Сомбор минатата сезона настапуваше со голем успех и успеа да се пласира во втората српска лига, а нов тренер на екипата е поранешниот стратег на МЗТ Скопје, Жељко Лукајиќ.
Амбициите на клубот се за две сезони да обезбеди пласман во елитната српска кошарка, но таа мисија ќе биде тешка, затоа што има повеќе тимови со слични аспирации. Лукајиќ е искусно тренерско име, а во кариерата беше предводник на повеќе клубови како Железничар, Кикинда, Партизан, ПАОК, Војводина, Игокеа, МЗТ Скопје и други.
Медиумите во Србија пишуваат дека Никола Јокиќ сѐ повеќе инвестира во неговиот клуб, а наскоро се очекува и богат спонзорски договор од една или повеќе големи компании, кои ќе ја одржуваат финасиската стабилност на КК Џокер од Сомбор.