Поранешен соиграч на Антиќ ќе игра во Болоња

Удох

Најкорисниот играч на Фенербахче на завршниот турнир на Евролигата во 2017 година, Екпе Удох, се враќа во европската кошарка.

34-годишниот центар, кој ја делеше соблекувалната со Перо Антиќ во Истанбул, потпиша договор со екипата на Виртус Болоња. Нигериецот одигра 58 меча во најсилното европско клупско натпреварување. Просекот по натпревар му гласи 12,3 поени, 6,5 скока и 2,2 блокади.

Болоња пропушти можност да игра во Евролигата во претстојната сезона, поради поразот од УНИКС Казањ во полуфиналето од Еврокупот.