• Иван Димовски

Рики Рубио откри дека размислувал за самоубиство и зборуваше за мрачниот период во кариерата. Поранешниот НБА плејмејкер во емисија во Шпанија призна дека се соочувал со сериозни ментални проблеми и дека една ноќ размислувал да си го одземе животот.
„Една вечер бев во хотелска соба и едноставно реков: не сакам повеќе да продолжам. Не кариерата, туку животот. Имаше моменти кога сè околу мене ми беше товар, кога мислев дека мојот живот нема смисла. Кога ќе се навратам на кариерата, никогаш не сум бил задоволен, никогаш не беше доволно. Дури и кога добивав награди, не бев среќен – си велев дека сум измамник и дека не ги заслужувам“, изјави Рубио.
Се осврна и на притисокот врз младите спортисти и го посочи Ламин Јамал како пример, велејќи дека одговорноста често се префрла на дете кое можеби не е подготвено за тоа и дека не е доволно само да се биде талентиран за да се справиш со сè што го носи професионалниот спорт.