• Горан Упале

Поранешниот МВП на НБА лигата , Расел Вестбрук, според сите проценки, дефинитивно ќе заврши во редовите во Денвер Нагетс.
За да се пресели во Колорадо, прво мораше да го напушти Лос Анџелес Клиперс, што се случи преку трејд со Јута. На другата страна беше испратен бекот Крис Дан.
Како тим кој е спремен за промена на генерацијата, Јута немаше причина да го задржи Расел во своите редови, и му следи отказ. Штом тоа ќе заврши, Вестбрук ќе потпише за Денвер.
Шампионите од 2023 година во своите редови ќе имаат уште едно МВП име и „трипл-дабл“ мајстор, покрај Никола Јокиќ.