Поранешен македонски селектор пред промоција во шпански Естудијантес

Поранешниот селектор на македонската репрезентација, Александар Ѓикиќ првпат ќе работи во шпанската Ендеса лига. Еден од најкултните клубови во шпанскиот шампионат се договори да ги води „студентите“ во следната сезона.

48-годишниот стручњак ја освои АБА-лигата со Будуќност, а ги водеше и Крка и Партизан. Се работи за добро поткован стручњак кој неколку години работеше и во САД.

Естудијантес има одличен ростер и ќе се обиде да ги задржи најдобрите поединци од шампионатот 2018/19, Омар Кук и Алесандро Џентиле.