Поранешен играч на Фенербахче загина откако беше удрен од пијан возач

Илкан Караман, кошаркарот на турската второлигашка екипа Чајирова Беледијеси, загина во сообраќајна несреќа.

Караман на врвот на кариерата настапуваше за Фенербахче и турската репрезентација, а неговите поранешни клубови ја потврдија трагичната смрт.

Како што објаснуваат турските медиуми, Караман стоел на тротоарот, чекајќи го пријателот кој отишол на бензинската пумпа и бил удрен од пијан возач. Кошаркарот починал на лице место.

Во Турција настапуваше за Тофаш, Пинар, Фенербахче, Бешикташ и уште неколку клубови, а најдобри резултати имаше со Фенер со кој ја освои титулата во Купот и беше шампион на Турција.