• Горан Упале
Селекторот на италијанската репрезентација Џанмарко Поцеко го коментираше конфликтот меѓу ФИБА и Евролигата. Италијанскиот стручњак не го крие незадоволството од тоа што не може да смета на дури дванаесет кошаркари од неговиот прв тим.
„Знам дека секој би сакал да дојде и да игра пред 10.000 наши навивачи. Сите би сакале да ги видат дванаесетте играчи кои беа на Евробаскетот, но таков е системот и тоа не е можно. Не можам повеќе да молчам. Ќе полудам размислувајќи за моите момци кои не можат да играат заедно.
Еден од најголемите проблеми во кошарката е токму тоа. Кога дојдов на селекторската позиција, не можев ни да замислам дека ќе наидам на толку многу проблеми. Еве сега имаме фудбал, цела планета застанува кога ќе дојде Светското првенство. а во кошарката ништо не запира и сите ги обвинуваат прозорците на ФИБА. Реално Евролигата може да паузира една недела“, рече Поцеко.
„Аѕурите“ во групата во квалификациите за Светското првенство се заедно со Шпанија, Исланд, Украина, Грузија и Холандија.