Поповиќ со дури 40 играчи на прелиминарниот список за ЛОИ

Соединетите Американски Држави го објавија прелиминарниот список од 40 играчи за Летните олимписки игри во Токио, а на него се најдоа голем број на ѕвезди. Меѓу повиканите се најдоа Леброн Џејмс, Стив Кари, Џејмс Харден и Ентони Дејвис, кои важат за најдобрите играчи во НБА лигата. 

Досега оваа селекција не дошла до златниот медал од Олимписките ифри само во 2004 година, па очекувано е главен фаворит. Џери Коланџело, спортскиот директор на репрезентацијата е уверен дека најголемите ѕвезди ќе го прифатат повикот. 

„Очекувам секој американски кошаркар кој ќе го повикаме, ќе се јави и ќе биде на располагање за конечните 12 играчи кои ќе настапат на Летните Олимписки Игри“, изјави Коланџело за Њујорк Тајмс. 

Ваквата порака на спортскиот директор е предизвикана од одбивањето на повикот за настап на Светското првенство во Кина од Ентони Дејвис, Бредли Бил, Џејмс Харден, Демијен Лилард, Кевин Лав. 

Од прво повиканите 40 играчи, само 12 ќе се најдат на конечниот список на Грег Поповиќ за Летните Олимписки Игри, кои ќе се одржат во Токио од 24 јули, до 9 август.