Поповиќ го пофали Јокиќ: Тој е реинкарнација на Лери Бирд

Легендарниот тренер на Сан Антонио Спарс, Грег Поповиќ, имаше доза пофалби за српскиот кошаркар Никола Јокиќ по натпреварот против Денвер Нагетс.

Јокиќ во триумфот имаше фантастичен меч со 25 поени и 11 асистенции, со додатни четири скока, статистика која го одушеви селекторот на САД.

„Јокиќ е реинкарнација на Лери Бирд. Неверојатен е, може да прави се. Шутира за три, скока, блокира, знае да игра во рекетот. Важи за еден од најдобрите додавачи од високите играчи во лигата. Ако не е најдобар, тогаш е близу. Навистина е посебен играч“, изјави Поповиќ.

Денвер Нагетс имаат обезбедено место во плејофот во НБА, додека Сан Антонио го чека битка за место до крајот на регуларниот дел кој се игра во Орландо.