Попович: Ова беше најголемата одговорност што некогаш сум ја почувствувал во кариерата

По освојувањето на златото на кошаркарскиот турнир, селекторот на американските кошаркари, Грег Попович, рече дека никогаш не почувствувал толкава одговорност како со репрезентацијата на Соединетите држави.

Во денешното големо финале, НБА ѕвездите ѝ се реваншираа на Франција за поразот во групната фаза и со победата од 82-87 се закитија со нов златен медал. 

„Со овие момци, секој натпревар беше посебен. Но, да бидам искрен, ова е најголемата одговорност што некогаш сум ја почувствувал во кариерата, бидејќи играш за толку многу фанови кои што очекуваат успех. Исто така конкуренцијата беше голема, што значи дека и одговорноста е поголема. Сега ми е многу полесно и едвај чекам да одам во хотелот и да наздравам“, рече Грег Попович по триумфот на Соединеите Американски Држави.

Грег Попович ја презеде американската репрезентација пред неколку години. Селекцијата ја водеше без успех на Светското првенство во Кина, и се чинеше дека Американците се во неволја, но со олилчниот настап во Токио се вратија на светскиот кошаркарски врв.