Попович остана без најблискиот соработник, Месина со двојна функција во Милано

Еторе Месина, италијанскиот тренер и поранешен член на стручниот штаб на Сан Антонио Спарс, се врати во татковината и ќе работи во таборот на Милано.

Во редовите на „манекените“, Месина ќе има двојна функција. Човекот кој соработуваше со легендарниот Грег Попович од 2014 година ќе има улога на тренер, а истовремено ќе работи и во административниот дел како директор.

Повеќе детали за договорот ќе бидат објавени наскоро, но се шпекулира дека се работи за тригодишен договор, со можност за дополнителни две години.

Олимпија Милано ја заврши сезоната во италијанскиот баскет на првото место во регуларниот дел, додека во плеј-офот испадна во полуфиналето откако во серијата загуби од Сасари.