Попович на НБА ѕвездите им забрани телефони за да создаде хемија во тимот

Грег Попович

Американците ќе имаат голем притисок на претстојното Светско првенство во Кина. Тие ќе патуваат без голем број на големи имиња и ќе се обидат да го одбранат златото од пред пет години.

Селекторот Грег Попович ќе дебитира на големите натпреварувања. Легендарниот предводник на Сан Антонио презеде посебни мерки со кои се обидува да создаде хемија и атмосфера во соблекувалната.

„Сите знаат како функционираат спортските тимови. Кога има одговорност, грижа и љубов меѓу играчите се функционира подобро. Затоа ние посветуваме доста време на меѓусебни разговори.

Практикуваме вечера без телефони, разговори за семејството, децата... Кога тимот е нов, како нашиот, тие чекори се важни и не смеат да се пропуштат“ , вели 70-годишникот со потекло од балканските простори.

Недостатокот на популарни имиња во „дрим-тимот“ е шанса за сите останати учесници на светскиот собир да се обидат да направат изненадување и да стигнат до висок пласман.