Попович ќе остане селектор на САД до 2021 година

Грег

Соединетите Американски Држави се големи фаворити на кошаркарскиот турнир на Летните Олимписки Игри кои наредната година ќе се одржат во Јапонија.

„Дрим-тимот“ кој е страв и трепет за сите противници ќе биде предводен од легендарниот Грег Попович. Петкратниот НБА првак има договор да остане на кормилото на селекцијата на САД до крајот на Олимписките игри, па поради тоа соработката ќе биде продолжена за уште една година, поради одложувањето предизвикано од коронавирусот.

71-годишникот со српско-хрватски корени пред неколку месеци го објави списокот од 44 ѕвезди кои ќе конкурираат за тимот во Токио. Меѓу нив имаше имиња како Леброн Џејмс, Стеф Кари, Каваи Ленард, Кевин Дурант, Џејмс Харден...

Новата ситуација и одложената НБА лига би можела да донесе драстични промени во конкуренцијата за Олимписките игри. Многу ѕвезди би можеле да се откажат од настап, поради густиот распоред кој што ќе ги очекува во клупските обврски. Таков се очекува да биде случајот и со репрезентации како Србија, Грција и Шпанија.

Американците имаат 23 златни одличја на игрите и се неприкосновени во однос на остатокот од светот. На минатиот турнир, во 2016 година во Рио де Жанеиро, во финалето тие беа подобри од „црвената фурија“.