Попович ја напушта клупата на САД, медиумите го знаат наследникот

Прославениот кошаркарски тренер Грег Попович ќе замине од клупата на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. 

Договорот со предводникот на Сан Антонио Спарс истече по освојувањето на олимпиското злато, а истиот нема да биде продолжен. Попович е решен да се посвети на клупската кариера, па репрезентацијата веќе работи на негова замена. 

Според најавите од Сoединетите Американски Држави, клупата ќе ја преземе сегашниот асистент и тренер на Голден Стејт, Стив Кер. Тој се претпоставува дека е прв пик на федерацијата, додека шанси му се даваат и на Ерик Сполстра, но само доколку преговорите со Кер не одат во посакувана насока.