• Саше Љолес
Управата на Евролигата реши да ја казни белградска Црвена Звезда поради критиките кои српскиот гигант ги упати за судиите на натпреварот против Жалгирис.
„Црвено-белите“ загубија со 86-84 и беа незадоволни од арбитражата, но за возврат добија огромна парична казна во висина од 74,000 евра. Санкција добија играчите Никола Калиниќ и Немања Недовиќ, кои ќе мора да уплатат по 5,000 евра.
Најголем дел од сумата за казната на Звезда доаѓа поради однесувањето на навивачите кои извикуваа навредливи песни и фрлаа предмети на теренот за време на мечот против Панатинаикос, но останатиот дел е токму поради дуелот со Жалгирис, кој белграѓани го нарекоа „спорен, нерегуларен и неетички“.