Помошникот на Мајкл Мелоун пред промоција за нов тренер на Вашингтон

Синот на славниот кошаркар Вес Анселд потпиша четиригодишен договор со Вашингтон Визардс. Во последните шест години, Вес Анселд јуниор работеше во Денвер Нагетс

Кариерата тој ја започна баш таму во Денвер и од 2005 до 2011 година беше асистент на Мајк Мелоун. Своето искуство го стекна работејќи и во Голден Стејт и Орландо. Детали околу должината на договорот и платата на Анселд јуниор не се достапни за јавноста. 

„Волшебниците“ најавуваат промени и во играчкиот кадар, како би биле компетитивни следната сезона во најсилната лига во светот. Новата сезона во НБА лигата ќе започне во октомври годинава.