• Саше Љолес
Грчкиот кошаркарски гигант, Олимпијакос, се засили со братот на славниот Јанис Адетокумбо, Костас, кој треба да биде солидно пополнување за центарската позиција.
Гркот со нигериски корени играше и за големиот ривал, Панатинаикос, а минатата сезона ја мина како член на шпанската Мурсија.
Планирано е Костас да биде трет центар во тимот, што значи дека најголема минутажа ќе добива во домашното првенство, но не е исклучена можноста да биде поактивен и во Евролигата.
ФОТО/PHOTO: UCAM Murcia CB/Facebook
