Полуфиналето на ТФТ во АБА2 го „одложи“ второто коло во плеј-офот

Наместо во текот на седмицата, второто коло од плеј-офот и плеј-аутот од кошаркарскиот шампионат ќе се одигра викендов. 

Кошаркарската федерација на Македонија оваа одлука ја донесе поради фактот што ТФТ Скопје обезбеди историско учество во полуфиналето од АБА 2 лигата. Македонскиот тим вториот натпревар против Сутјеска го игра в среда на свој терен, па така нема да можеше да ги одработи домашните обврски. КФМ затоа реши сите натпревари од второто коло да се поместат за викендов.

А, ТФТ токму во ова коло го игра еден од најважните натпревари, затоа што ќе се судри со шампионот МЗТ Скопје. Инаку, ТФТ има водство од 1-0 во серијата со Сутјеска, што значи со евентуален триумф во среда ќе се пласира во големото финале.