• Иван Димовски

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс славеа на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерси (102-126), иако до третата четвртина бркаа негатива. Со перфектна завршна четвртина Спарси стигнаа до убедлив триумф. Најдобар поединец на мечот беше Ентони Дејвис со 30 поени и 13 скока, додека кај Сан Антонио се истакнаа Кесл и Вембањама со по 23 поени.
- ЛА Лејкерс - Сан Антонио Спарс:
Радост за луѓето од Лос Анџелес донесоа Клиперси со победата над Мајами Хит (109-98). Одиграа домаќините во „Интиут Доме“ одлична партија и триумфираа против гостинот од Флорида. Тајлер Хиро од поразениот табор беше најефикасен со 32 поени, додека кај Клиперси се истакнаа Пауел со 29 и Харден со 26.
- ЛА Клиперс - Мајами Хит:
На останатите терени Минесота предводена од одличниот Евардс кој имаше 41 поен стигна до триумф во Вашингтон (106-120), Детроит слави во Њујорк (119-124), Хјустон беше подобар од Мемфис (120-118), а Торонто го совлада Голден Стејт (104-101).