ВИДЕО: Полесно беше да се промаши – новајлија ДВАПАТИ се посрамоти за сите пари

Новајлијата во Олкахома Сити Тандер, Тео Маледон, се посрамоти пред очите на кошаркарската јавност со една од најлошите акции во историјата на НБА лигата.

Двапати имаше можност да поентира без да има противник покрај себе, но успеа да промаши две забивања. По промашениот зицер одново стигна до топката, и кога се чинеше дека ќе ја поправи грешката, тој направи нов лош потег, поради кој заслужено доби сеир од сите страни.

Маледон беше избран како 34-ти пик на минатогодишниот НБА драфт.