ВИДЕО: Пол одигра перфектно, Феникс доминантно до втора победа над Денвер

Крис Пол

Феникс Санс стигна до втора победа во серијата против Денвер Нагетс (123-98) и со тоа го одбрани домашниот терен, пред да замине за Колорадо.

Одличната партија на сите стартери на домашната екипа си го направи своето. Противникот немаше одговор на расположениот Крис Пол, кој запиша 17 поени и 15 асистенции и притоа не загуби ниту една топка. 

Тимот на Монти Вилијамс беше подобар во сите четири периоди. Никола Јокиќ не доби никаква помош од своите соиграчи. Особено разочарувачки беше настапот на Арон Гордон, кој заврши со скромни шест поени.

Во завршницата Феникс им овозможи минутажа и на резервистите, поради високата предност. Сега серијата се префрла во Денвер, каде Нагетси ќе треба да одговорат, ако сакаат да имаат шанса за пласман во конференциското финале.