Пол Милсап објави пензија по шеснаесет НБА сезони

Една голема кариера дојде до својот крај. Пол Милсап се повлече од професионалната кошарка. Ветеранот кој помина цели шеснаесет години во НБА лигата, последните натпревари ги одигра во дресот на екипата на Филаделфија.

Четирикратниот Ол-стар учесник беше избран како пик број 47 на драфтот во 2006 година од Јута Џез и брзо стана лидер на тимот. Тој ги помина први седум сезони со Џезерите, со просек од 12,4 поени, 7 скока, 1,8 асистенции, 1,1 украдена топка и 1 блокада.За нив одигра 540 натпревари.

Милсaп потоа настапуваше и во екипите на Атланта Хокс, Денвер Нагетс, Бруклин Нетс и Филаделфија.