ВИДЕО: Пол го однесе Феникс во прво НБА финале по 30 години пауза!

Феникс

Екипата на Феникс Санс е првиот финалист во овогодишниот плеј-оф во НБА лигата. Шестиот натпревар во серијата против Лос Анџелес Клиперс го доби тимот од Аризона (103-130) и по триесет години одново обезбеди серија за титула во НБА лигата.

Кошаркарите на Тајрон Лу немаа енергија да направат нов кам-бек, како во претходните две рунди од плеј-офот. Овојпат доживеаја тежок пораз на домашен терен и ги завршија настапите за оваа сезона.

Крис Пол блесна со 41 поени и осум асистенции. Плејмејкерот конечно се пласира во едно финале, по 16 години кариера во најсилната лига на светот. Гостите постигнаа над 30 поени во секоја четвртина. Тие покажаа поголема желба од ривалот, кој не успеа да го искористи домашниот терен за да обезбеди „„мајсторка“. 

Феникс сега ќе има повеќе дена одмор. Во меѓувреме ќе има конечна разврска во источната конференција, каде Милвоки Бакс и Атланта Хокс се израмнети во финалната серија (2-2).