Пол го надмина големиот Меџик, на ред се Марк Џексон и Стив Неш

Крис Пол

Крис Пол продолжува да игра во фантастична форма во дресот на Феникс Санс. Ветеранот на дуелот со Милвоки надмина уште една легенда на листата најдобри асистенти во историјата на НБА лигата.

Меџик Џонсон сега гледа во грбот на плејмејкерот на Санси. Негов следен предизвик е Марк Џексон, а потоа и Стив Неш, уште една легенда на тимот од Аризона.

Просекот на Пол гласи 8,4 асистенции по натпревар. За да ја достигне границата која ќе го однесе на третата позиција на вечната листа ќе му требаат 22 натпревари.

До крајот на регуларниот дел од сезоната Феникс ќе одигра 15 меча, што значи дека во плеј-офот 35-годишникот ќе продолжи да испишува историја. 

Најнови вести од
НБА, САД