Пол го надмина Џонсон на вечната листа: „Никогаш нема да видиме нов Меџик“

Крис Пол, плејмејкерот на Феникс Санс, игра фантастична сезона за тимот од Аризона, и покрај тоа што има 35 години. 

Популарниот „КП3“ на натпреварот против Милвоки Бакс стигна до бројката од 10.142 асистенции во кариерата, со што на вечната листа го надмина легендарниот Ервин Меџик Џонсон.

По натпреварот, Пол ја зеде топката со која ги реализира посакуваните асистенции и откри дека на истата ќе бара автограм од поранешниот ас на Лос Анџелес Лејкерс.

„Никогаш нема да видеме нов Меџик“, накратко коментираше Пол.

Искусниот плеј на дуелот против Милвоки забележа 22 поени, 7 скока и 13 асистенции. 

Најнови вести од
НБА, САД