Пол го надмина Чикс на вечната листа играчи со најмногу украдени топки

Крис Пол

Ветеранот во дресот на Феникс Санс, Крис Пол, скокна едно место на вечната листа играчи со украдени топки во историјата на НБА лигата.

Искусниот плејмејкер одлично игра во дресот на тимот од Аризона, кој високо котира меѓу големата конкуренција на Западот. 35-годишникот на дуелот со Мајами стигна до петтата позиција, каде досега стоеше Морис Чикс.

Следен на листата кој стои пред него е Гери Пејтон. На врвот неприкосновен е Џон Стоктон кој има голема предност во однос на Џејсон Кид и Мајкл Џордан.