Пол Џорџ одново се повреди, Клиперси загрижени за својот важен адут

Ѕвездата на Лос Анџелес Клиперси, Пол Џорџ одново се повреди во поразот од Бостон (141-133), а на паркетот мина само неколку минути.

Искусниот играч веќе третпат сезонава страда од истата повреда на бутниот мускул, поради која пропушти десетина натпревари за Клиперси. Тренерот на екипата призна дека е загрижен за состојбата на еден од најдобрите играчи. 

„Загрижен сум. Повредата се повторува, не знам што ќе правиме со Џорџ. Мораме да почекаме и да видиме како ќе се одвива ситуацијата“, истакна Док Риверс. 

Пол Џорџ блеска во дресот на Клиперси кои се наоѓаат на третата позиција во западната конференција, а бележи просек од 21,7 поени, 6,1 скокови и 3,9 асистенции по меч.