Погодете кој: Само еден НБА играч меѓу 30-те најплатени спортисти!

Суперѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, се најде меѓу 30-те најплатени спортски личности во светот, на најновата објавена глобална статистика за заработка. 

Според податоците за 2025 година, Јокиќ заработи околу 60 милиони долари, комбинирајќи примања од договорот со клубот и приходи од спонзорства и маркетинг. Ова го поставува токму при самиот врв на спортската листа, каде што доминираат најголемите имиња од фудбалот, боксот и другите глобални спортови.

Легендарни имиња како Кристијано Роналдо, Лионел Меси и други големи спортски ѕвезди се на највисоките позиции со значително поголеми заработки, но Јокиќ останува единствениот кошаркар од НБА што влегол во Топ-30 за оваа година.

Овој успех ја потенцира не само неговата вредност на теренот како еден од најдобрите играчи на планетава, туку и големината на неговото влијание и комерцијална привлечност на глобалниот спортски пазар.