• Мартин Танасковски
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски настапи за својот Колорадо во НЦАА-лигата и доживеа тесен пораз од УЦФ Најтс (74-75), но вечно ќе ја памети оваа средба на која запиша јубилеј.
Јакимовски одигра 36 минути и даде 16 поени, а влезе во „клубот 1000“ во натпрерварувањето. Имено, Јакимовски ја надмина бројката од 1000 поени во НЦАА-лигата.
За Андреј Јакимовски ова е последна сезона во НЦАА-лигата, со оглед на неговата возраст. Македонецот има 23 години и од следната сезона ќе бара нов клуб.