Подзаборавениот Лео Вестерман доби нов ангажман во шпанската кошарка

Поранешниот кошаркар на ЦСКА Москва и Партизан, Лео Вестерман, повторно ќе игра во Шпанија, откако потпиша двомесечен договор со Естудијантес, потврди мадридскиот клуб.

Францускиот плејмејкер (34) доаѓа како привремена замена за Аргентинецот Фернандо Курбригена, кој поради повреда ќе биде надвор од терените до крајот на ноември.

Вестерман зад себе има исклучително богата европска кариера. Настапуваше и за АСВЕЛ, Барселона, Монако, Жалгирис и Фенербахче, а сега повторно добива можност да настапува во шпанската кошарка.

Естудијантес се одлучи за искусното решение со цел да го надополни ростерот во периодот во кој нема да може да смета на Курбригена, а Вестерман би требало да му помогне на тимот со своето искуство и играчки квалитет.