„Подобри сме од Македонија и затоа победивме, навредливо е да се зборува за тактика...“

Скариоло

Шпанија запиша очекувана победа над Македонија на натпревар кој се одигра во Сарагоса. Фаворитот ја оправда улогата и рутински собра нови бодови во квалификациите за Светското првенство.

По мечот зборуваше Серхио Скариоло, шпанскиот селектор, кој беше брутално искрен во врска со дуелот против македонската репрезентација.

„Мислам дека оваа група играчи секогаш игра на високо ниво, иако се соочува со помалку квалитетни противници. Поради тоа ја заслужуваат мојата доверба. Секое ниво на противник бара различен пристап. За ваков тип на натпревари ние играме со слобода. Меѓутоа за наредните ривали ќе мора да го подигнеме нивото. 

Да не се залажуваме, победивме затоа што сме подобри и давање каков било тактички фактор на оваа средба ќе биде малку навредливо“, изјави италијанскиот стратег.

Последниот домашен натпревар за два дена Македонија го игра против Украина. Тоа ќе биде можност за прва победа и подобрување на пласманот во групата.