• Мартин Танасковски
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Данска (125-57) во рамки на квалификациите за Евробаскетот, па со тој резултат Данките се реваншираа за оној тесен пораз во Скопје на првата средба одиграна лани во ноември.
- Комплетниот натпревар меѓу Данска и Македонија:
Селекторот Ашаданов ја немаше на располагање капитенката Анџелика Митрашиновиќ која замина во пензија и нејзиното отсуство и тоа како беше евидентно во тимот. Парираше Македонија во првиот квартал, но потоа квалитетот на Данска со повеќе погодени шутеви исплива на виделина и така домаќинот ја задржа победата во Скандинавија.
Селцова и Хемпе беа главна алка во играта на Македонија во првиот квартал кога резултатот беше близу, иако во два наврати Данска бегаше на „плус десет“, кога беше 16-6 и 22-12. По првите десет минути резултатот гласеше 29-21, а во вториот период со две серии, домаќинот обезбеди убедливи 23 поени позитива (56-33). Вториот дел беше само формалност, разликата цело време беше на страната на домашните, за конечна висока победа од скоро 60 разлика.
Римдал даде 22 поени за Данска, пред Окосун и Мортенсен со 21 поен, додека кај Македонија, Хемпе даде 27 поени, а Селцова додаде десет. Квалификациите за Европското првенство за Македонија продолжуваат на гостински терен во Грција (14 март), а потоа финишот е на домашен терен, каде на 17 март гостува селекцијата на Хрватска. Нашиот национален тим во квалификациите има скор 1-3.



