• Саше Љолес
Главниот град на Грција, Атина, се подготвува за завршниот турнир во Лигата на шампионите на ФИБА, каде годинава ќе учествуваат четири исклучително силни екипи.
Слично како и минатата година, и оваа имаме два шпански претставника - Уникаха и Тенерифе, а ним друштво им прават АЕК од Атина и турскиот Галатасарај.
Програмата започнува со полуфиналето меѓу Галатасарај и Тенерифе (17:00 часот), а три часа подоцна силите ќе ги одмерат АЕК и Уникаха.
Финалниот натпревар ќе се одигра на 11 мај со почеток во 19:00 часот, додека мечот за третото место ќе започне три часа порано. Титулата ја брани екипата на Уникаха, која во минатогодишното финале го совлада Тенерифе.