Почнува скратената НБА-сезона: Дурант против Кари и мега-пресметка во ЛА!

Најлудиот кошаркарски „циркуз“ вечерва ќе означи старт, затоа што НБА-лигата стартува со две супер интересни пресметки. Првото издание на шампионатот во скратен формат ќе го отворат Бруклин Нетс и Голден Стејт.

Во скртената сезона во регуларниот дел ќе има 72 натпревари. Првиот натпревар стартува од 1:30 часот, а Бруклин и Голден Стејт ќе ги имаат на располагање главните ѕвезди. По подолго време во акција ќе ги видиме Кевин Дурант и Кајри Ирвинг на едната и Стеф Кари на спротивната страна.

„Мрежичките“ од Бруклин влегуваат во сезоната со шампионски амбиции, затоа што имаат одличен тим. Голден Стејт, пак, ќе се труди да го поправи впечатокот од лани кога беше закован на дното и ќе „лови“ место во плеј-офот.

Вечерва сите очи ќе бидат вперени кон Лос Анџелес, каде се среќаваат лутите ривали ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс (4:00 часот). „Езерџиите“ предводени од дуото Џејмс и Дејвис повторно се фаворити за прстенот, а оваа година имаат двојно посилен тим затоа што ја засилија дефанзивата со Херел и Гасол, а го „набавија“ и универзалниот играч Шродер од Оклахома.

Лос Анџелес Клиперс го има ударното дуо - Каваи Ленард и Пол Џорџ. Но, тешко дека некој верува, дека некој од другите тимови може да му ги помати шампионските сметки на Лос Анџелес Лејкерс.