• Зоран Мишевски

За неколку дена почнува новата првенствена сезона во женска кошарка, по нешто изменет систем. За шампионскиот трофеј ќе се борат осум екипи. Согласно со системот за натпреварување за оваа натпреварувачка сезона, осум тима ќе разигруваат двокружно, по бод-систем, што предвидува одигрување на 14. кола.
Во вториот дел од сезоната, осумте екипи-учесници ќе играат уште еднаш, односно уште седум натпреварувачки кола. По завршување на вториот дел, се формира конечна табела, според која, последнорангираната екипа (осмо место) испаѓа во Втора лига – жени, во сезоната 2026/2027.
Првите четири екипи играат во полуфиналето, односно серија „подобар од три натпревари“, според системот „1-1-1“. Победниците од овие серии ќе се пласираат во финалето, кое ќе се игра во серија „подобар од пет натпревари“, по систем „2–2–1“ со домашна предност на подобро рангираната екипа.
Прво коло:
МЗТ Скопје Аеродром – Баскет кам 2011
Пробаскет – Бадел 1862
Крива Паланка – Патриот 2016
Вардар – Спорт тим
Титулата од минатата сезона ја брани Баскет кам 2011.