Почнува АБА плеј-офот: Сите патишта водат кон нов мега-дуел на Црвена Звезда и Партизан

Кошаркарската АБА лига е пред почетокот на плеј-офот за престижниот трофеј, па веќе се познати сите четвртфинални дуели меѓу екипите кои сезонава „пловеа“ во јадранското друштво. 

Сите патишта водат кон ново епско финале помеѓу Црвена Звезда и Партизан, но белградските гиганти ќе мораат најпрво да минат по две бариери за да стигнат до финалната серија. 

Звезда во четвртфиналето ќе се соочи со Студентски Центар, додека Партизан ќе излезе на мегдан со босанската Игокеа. Будуќност ќе ги одмери силите против Задар, а екипите на Мега и Цедевита Олимпија ќе го одиграат веројатно најнеизвесниот двобој. 

Доколку Партизан и Звезда успеат да ги минат првите противници, во полуфиналето ќе се соочат со подобриот од дуелот меѓу Мега и Цедевита, додека „црно-белите“ ќе го пречекаат победникот од серијата помеѓу Будуќност и Задар. 

Плеј-офот започнува на 12 април, а бранител на трофејот е екипата на Партизан. Победникот во АБА лигата има загарантирано место во Евролигата следната сезона.