Почнаа третолигашите, победи за Гевгелија, Хераклеа, Љуботен...

Овој викенд беше означен и почетокот на натпреварите во третолигашката кошаркарска конкуренција Согласно бројот на пријавени екипи, оваа сезона натпреварувањето ќе се одвива во три натпреварувачки групи.

На стартот на новата сезона, во групата А, две победи за гостинските екипи. Тетовски Љуботен излезе како победник на гостувањето кај Младинец (63-75), додека пак „филијалата“ на Гостивар славеше на гостувањето во Дебар, кај Дибра Иглс со резултат (67-74).

Во групата Б, гостинска победа „извлекоа“ кошаркарите на Овче поле, на гостувањето кај новоформираниот Конзули (77-82), а во групата Б две убедливи победи на домашните екипи, и еден службен резултат.

Трета лига (м)
Прво коло
Група А:

Феникс баскет – МКК Куманово         80-70
Младинец – Љуботен     63-75
Дибра иглс – Гостивар 2 67-74
Слободен: Тетекс ТТК

Група Б:
Хераклеа – Спортисимо баскет           75-65
Конзули – Овче Поле      77-82
Мега баскет јуниор – Чаир 2030         78-74
Слободен: ИБА баскет

Група В:
Баскет Дино – Баскет кам         20-0 (службен резултат)
Гевгелија – Шкупи            86-60
МКК Вардар – Струмица Ролинг         85-66
Слободна: Струмица