• Горан Упале
![](https://www.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2024/05/18/chkembari.jpg?itok=vxYVpgjR)
МЗТ Скопје пред својата публика ја започна финалната серија со Пелистер, а на натпреварот во „Јане Сандански“ двете екипи имаа поддршка од своите најверни фанови. Битолчани одново гостуваа во Скопје и го бодреа тимот на Дарко Радуловиќ, а само што пристигнаа во салата направија потег за почит. Имено „Чкембари“ изразија сочувство за прерано починатиот голем фан на МЗТ Скопје – Марјан Михајловски Мац.
„Почивај во мир Мац“, пишуваше на транспарентот.
Со овој потег битолските фанови одново покажаа респект кон ривалот, откако претходно истото го направија и по трагичната смрт на младиот навивач на Вардар, Никола Саздовски-Саздо.