• Иван Димовски
Легендарниот американски кошаркар и тренер Дон Нелсон почина на 87-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Нелсон остави длабока трага во НБА-лигата, особено како тренер, а во кариерата освои бројни признанија и постави рекорди. Нелсон 12 години го држеше рекордот во НБА по бројот на победи, со 1.335 триумфи, пред во 2022 година да биде надминат од Грег Попович.
Во тренерската кариера ги предводеше Милвоки Бакс, Њујорк Никс, Далас Маверикс и Голден Стејт Вориорс, каде што во периодот од 2006 до 2010 година го имаше последниот ангажман. Три пати беше прогласуван за најдобар тренер во НБА, во 1983, 1985 и 1992 година.
Посебен успех имаше и со репрезентацијата на САД, која ја предводеше до златото на Светското првенство во 1994 година. Пред да стане тренер, Нелсон имаше успешна играчка кариера, а најголемиот дел од неа го помина во Бостон Селтикс, со кој освои пет шампионски титули.