• Горан Упале
Легендарниот кошаркар Дикембе Мутомбо почина на 58-годишна возраст, по тешката борба со ракот на мозокот.
Кошаркарскиот џин, со потекло од Конго, помина осумнаесет сезони во НБА лигата, играјќи за Денвер, Атланта, Филаделфија, Њу Џерси Нетс, Њујорк и Хјустон. Тој беше осумкратен Ол-стар учесник и четири пати најдобар одбранбен играч на годината. Засекогаш ќе остане запаметен по тоа што мафташе со показалецот („Нема да поминеш“) секогаш кога ќе запраше некого со „банана“.
По завршувањето на неговата играчка кариера во 2009 година се занимаваше со хуманитарна работа, а во 2015 година е примен во „Куќата на славните“. Тој се бореше со тумор на мозокот од октомври 2022 година.
Целиот спортски свет се збогува со поранешниот центар и член на „Куќата на славните“.