Почина најдобриот стрелец во историјата на Црвена Звезда

Тажна вест пристигна за српската кошарка, затоа што почина Драган Капичиќ, најдобриот стрелец во историјата на КК Црвена Звезда и југословенска кошаркарска легенда.

Кариерата на Капичиќ му ја одбележаа годините во Црвена Звезда каде настапуваше од 1966 до 1975 година. Тој е најдобриот стрелец во историјата на црвено-белиот тим со кој двапати го освои домашното првенство (1969 и 1972 година), а трипати Купот (1971, 1973 и 1975 година).

Србинот играше и во Сатурн од Келн, имаше и репрезентативна кариера во која настапуваше за Југославија на Европските и Светските првенства, Олимписките и Балканските игри.

Освојувач е на седум златни медали, а во 2007 година беше избран за претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија.