• Зоран Мишевски
Џанмарко Поцеко поднесе оставка од селекторската позиција по елиминацијата на Италија од Евробаскетот. Тој на прес-конференцијата по дуелот беше емотивен и со солзи во очите изјави дека повеќе нема да седи на клупата на „аѕурите“.
„Ова беше мој последен натпревар со италијанската репрезентација. Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа дел од тимот, како и на менаџерот на репрезентацијата и на претседателот на федерацијата. Вечерва сум тажен, не заради поразот туку дека ги гледам дека сите се во жалост. Може да најдат нов тренер како мене, но нема да најдат некој што ќе ги сака повеќе од мене“, рече Поцеко.
Италијанската репрезентација вчера во осминафиналето загуби од Словенија со 77-84.
ФОТО/PHOTO: FIBA


