Поцеко го доведе Миро Билан во Динамо Сасари

Хрватскиот центар Миро Билан, по две сезони минати во Франција, во следните две сезони ќе го носи дресот на Динамо Сасари во италијанската А1 лига. Хрватот кој беше избран во идеалниот тим на шампионатот на Франција во дресот на Асвел, пристигна во Италија и деновиве ќе биде претставен како нов член на Динамо Сасари.

213-сантиметри високиот центар од Шибеник беше МВП на АБА лигата во 2017 година, а покрај за Асвел, ги носеше дресовите на Задар, Цедевита, Олимпиас Патраса и Стразбур.

Билан во новата средина е соработува со Џанмарко Поцеко, кој реди успеси како тренер на Динамо Сасари.