• Саше Љолес

Тимот што победува, не се менува. Така е и во случајот на МЗТ Скопје, чија управа го продолжи договорот со тренерот Васко Атанасов.
Младиот кормилар на „металците“ врши повеќе од успешна работа во Аеродром и „жнее“ титули откако седна на клупата, па продолжувањето на соработката се чини како сосема логичен чекор во моментов. МЗТ Скопје повторно има големи амбиции, важи за најголем фаворит за одбрана на домашната круна, а сезонава повторно ќе атакува и на влез во елитното јадранско друштво.
Аеродромци задржаа голем дел од играчите кои настапуваа минатата сезона, тука се браќата Стојановски, Петков, Крстевски, Андоновски, договорот го продолжи Баковиќ, а на надворешните позиции пристигна и Американецот Брендон Слај. Наскоро се очекува и уште едно странско засилување за играта под обрачите, со што ќе се добие скоро целосната слика на ростерот за следната сезона.