Победничката серија на Фенер продолжи во Минхен

Фенербахче

Фенербахче на Игор Кокошков продолжи да импресионира и победи на тешкото гостување кај Баерн Минхен (68-77) во 32. коло од Евролигата.

Турскиот тим сега го прескокна ривалот на табелата и застана на петтата позиција. За тоа се избори со одлична игра во третиот дел, откако на полувреме замина со минимална предност (34-35). Најефикасно се играше во последниот период, кога домаќинот со сите сили се обиде да избегне пораз. Меѓутоа предноста на противникот беше преголема за да се променат нештата во завршните минути.

Де Коло заврши со 21, а Гудуриќ го следеше за 18 поени, додека кај домашниот тим прво име беше Болдвин со 20 поени.

Изненадувачка победа запиша Макаби Тел Авив, кој на домашен терен ја совлада Барселона со 99-94 и ја пречека победеносната серија на лидерот во натпреварувањето. 

До крајот на регуларниот дел од евролигашката сезона има уште две кола, што значи дека во наредниот период ќе се води голема борба за местата кои носат плеј-оф завршница.