ВИДЕО: Победи за Валенсија и Сан Пабло, Реал Мадрид нема да игра плеј-оф во Ендеса

Кошаркарите на Реал Мадрид доживеаја предвремена елиминација и нема да играат во полуфиналето на шпанската Ендеса. Откако во минатото коло загубија од Сан Пабло Бургос, ривалите денес победија и математички ги исфрлија „кралевите“. 

Сан Пабло минимално ја совлада МораБанк Андора со 88-86, па поради подобар меѓусебен дуел, дури и со победа Реал Мадрид ќе биде елиминиран. Домаќинот Валенсија ја потврди лидерската позиција и ја победи Гран Канарија со 81-97. 

  • Извештај од натпреварот: 

Веќе се познати и полуфиналните двојки, а натпреварите се закажани за в недела. Барселона ќе го предизвика тимот на Сан Пабло од 17:00 часот, додека Валенсија и Басконија ќе истрчаат на паркетот во 20:00 часот. Финалето е закажано два дена подоцна, за вторник од 20:00 часот.